БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА, ДАЛИ СЕ ЛЕКУВА?
Што е Бенигна хиперплазија на простата?
Бенигна хиперплазија на простата (БХП) претставува зголемен раст на клетките на простата, а со тоа и зголемување на волуменот на самата жлезда. Овие промени предизвикуваат опструкција на мочните канали и отежнато празнење на уринарната ќеса.

Кои се симптоми на Бенигна Хиперплазија на простата?
Најчести симптоми на ова бенигно заболување се често ноќно мокрење, отежнато започнување и вложување напор за да отпочне актот на мокрење, прекин во млазот на урина при мокрењето, остаток на капки урина после уринарење, чувство дека бешиката не е во целост испразнета, хитноост за уринарење. Сите овие симптоми се нарекуваат симптоми на долниот уринарен тракт- LUTS.
Која е ризична група за Бенигна хиперплазија на простата?
Бенигна хиперплазија на простата (БХП) најчесто се јавува после четириесетата година вo животот и како главен фактор за појавување се смета стареењето. Генетските предиспозиции се исто така фактор за појава на БХП, а како други причинители кои се уште не се доволно дообјаснети се недостаток на вит Д, Цинк и некои други микроелемнти кои доколку се внесуваат со исхраната можат генерално да ја подобрат сликата односно да ги ублажат симптомите на LUTS.
Симптомите на LUTS не треба да се занемаруваат бидејќи покрај што го намалуваат квалитетот на живот, предизвикуваат депресивни состојби, нарушувања во сексуалниот живот и овие симптоми укажуваат на сериозност и на потреба од посета на доктор.
ДАЛИ И КАКО СЕ ЛЕКУВА БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА?
Развојот на бенигната хиперплазија може да се успори или спречи со правилен диететски режим на исхрана и дополна од суплементи. Во фармацијата има многу суллементи, додатоци во исхрана кои како единечна терапија или во комбинација со терапија пропишана од лекар значително ја подобруваат состојбата при БХП.
Витаминот Д т.е негово земање со суплементи покажува висока корелација за намалување на БХП преваленца т.е негова појава. Витаминот Д во концентрации до 6000 ИЕ/ден може да го намали простаточниот волумен кај БХП пациенти.